ИСПРАВКА НА ОБЈАВА 03/2014 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Неготино Печати
Во Објавата за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Неготино, објавена во дневните весници „Утрински весник“ и „Нова Македонија“од 12.11.2014 година и во „Службен весник на Република Македонија“ бр.166/14 од 12.11.2014 година се вршат следните исправки:    

    Во делот „РОКОВИ“ делот „и истото ќе трае по 1 (еден) час за сите парцели од горенаведените Табеларни прегледи.“ се менува и истото гласи: „и истото ќе трае по 15 (петнаесет) минути за сите парцели од горенаведените Табеларни прегледи.“

    Во делот „ПОСТАПКА“ точка 15 се менува и истата гласи:

„По извршената уплата во утврдениот рок и доставувањето на целокупната документација за учество на јавното наддавање Градоначалникот на Општина Неготино склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија. Со договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 30 дена од потпишувањето на истиот да го достави кај нотар заради солемнизација и во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект за градежни парцели до 5000 м2 и во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект за градежни парцели над 5000 м2, согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено во рок не подолг од 10 години од денот кога одобрението за градење станало правосилно, во спротивно доколку купувачот не извади одобрение за градење во предвидениот рок, односно доколку објектот не се изгради во определениот рок по вина на купувачот и истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот. Неисполнување на овие обврски, односно по паѓање на купувачот, во задоцнување со исполнување на обврската три месеци последователно, претставува основ отуѓувачот, по три последователни месечни повици за извршување, како доверител со изјава за неисполнување на обврските од договорот да побара потврда за извршност на договорот, односно да побара наплата на договорената казна што претставува и основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не му се враќаат на купувачот.“

Оваа објава ќе биде објавена и на WEB страната на општина Неготино, www.negotino.gov.mk

Бр.10-335/2
28.11.2014 година
                                                                                                          ОПШТИНА НЕГОТИНО
                                                                                                     Комисија за спроведување на
                                                                                                    постапките за јавно наддавање