Продолжуваат градежните активности за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем во Неготино во должина од околу 2000м Print
User Rating: / 0
PoorBest 
There are no translations available.

   Вредноста на договорот изнесува 207.967евра.

Изградбата на овој колектор е во рамките на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина со акроним wa-mbrella “ и истиот е финансиран со средства обезбедени од првиот повик од INTERREG програмата за прекугранична соработка на Грција - Република Северна Македонија 2014-2020, во кој
Општина Неготино е проектен корисник 2 , додека
ЈП „Комуналец“ Неготино е проектен корисник 4.

Согласно договорот работите би требало да завршат до крајот на месец јули годинава, но поради ситуација со Коронавирусот и ограничениот режим на работа и движење можни се евентуални потреби за продолжување на роковите утврдени со договорот.

#ЧекорПоЧекор
#Неготино