Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во врска со пласираните информации во дел од медиумите во делот на финансирањето на Градскиот ракометен клуб Вардар од Неготино, наводните финансиски проблеми со кои се соочува клубот и реперкусиите врз функционирањето на истиот, а во контекст на ставањето на општината како дел од истите, би сакале да го испратиме следниот
Д Е М А Н Т
Од денот на вклучувањето на општина Неготино како акционер во клубот со 49 отсто акции, во целост се реализирани сите финансиски обврски што како локална самоуправа ги имаме кон овој спортски колектив.
Во изминатиот период од 1 година од сметката на буџетот на општина Неготино на сметката на ГРК Вардар се префрлени вкупно 4.800.000 денари согласно годишната програма за финансирање на спортските клубови од општината.
Тоа значи дека општина Неготино во целост ги има реализирано обврските кон клубот, како и кон останатите спортски колективи од општината.
И понатаму продолжуваме со поддршка кон сите спортови и спортисти од општина Неготино.

Close Search Window