Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Синоќа (04.08.) на терените на спортскиот комплекс “Младост” заврши 3-тото по ред издание на меморијалнит турнир во мал фудбал “Крсте Велјанов” кое оваа година изобилуваше со квалитетен фудбал и неизвесни натпревари. Како увертира на големото финале најпрво беше одигран натпреварот во конкуренција на ветерани помеѓу екипите на ПС Комерц од с.Корешница и Ѓоко Вешки од Д.Дисан кој заврши со резултат 4:2, а веднаш потота и напреварот за третото место помеѓу екипите на Комбиниери од Росоман и Црна Река од Кавадарци, кој беше решен дури по изведувањето на пенали со резултат 4:2 за екипата од Росоман. Големото финале помеѓу екипите на “Revolution Development” од Неготино и Бучин Грижо Сникерс од Прилеп кое изобилуваше со добар фудбал и интересни моменти, во неизвесна завршница по изведувањето на пенали го доби домашната екипа со резултат 8:7.
Конечен пласман и најдобри поединци на турнирот:
1 место: Revolution Development од Неготино, награда од 70.000 денари
2 место: Бучин Грижо Сникерс од Прилеп, награда од 40.000 денари
3 место: Коминиери од Росоман, награда од 20.000 денари
4 место: Црна Река од Кавадарци, награда од 10.000 денари
Најдобар играч на турнирот е Марјан Илов од Revolution Development,
Најдобар стрелец е Ѓорѓи Стрезоски од екипата на Бучин Грижо Сникерс од Прилеп
Најдобар голман е Оливер Велески од екипата на Бучин Грижо Сникерс од Прилеп
Целокупниот награден фонд беше обезбеден од општина Неготино, а за одличната организација на тунирот свој придонес дадоа и повеќе правни субјекти од бизнис секторот од општината.
Турнирот беше одлично посетен од граѓаните на општината и пошироко, што уште еднаш потврди дека на Неготино му се потребни спортски настани од ваков карактер. Од здружението “Крсте Велјанов” кое беше одличен организатор на турнирот упатија огромна благодарност до општината за големата поддршка и најавија уште помасовен и поинтересен турнир за наредната година. 
Close Search Window