Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Образование|

   Ученици од Неготино ги покажаа своите иновативни способности за што добија и вредни награди на младинското креативно творештво на  саемот “Макинова 2013”, кој се одржа во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија-СПАТУМ. , информираше денес претседателот на Здружението на граѓани “Ековита” од Неготино, Сашко Тодоров. Седмоодделенецот Филип Пушкинов со експонатот “Хидрауличен багер” освои еден златен медал, две златни плакети и парична награда. Кристина Тодорова, средношколка од прва година во средното општинско училиште “Свети Кирил и Методиј”   освои  златен медал за експонатот “Производство на храна од инсекти”.

 Раде Коцев доби златен медал за експонатот “Рециклажа на отпад од фарма”, а сребрен медал за експонатот “Еколошка рам пумпа” доби Мите Мелов, двајцата од трета година во истото средно училиште. Сите четворица  добија и пофалници за млади иноватори конструктори како и годишна претплата на списанието за наука и техника “Емитер”, рече Сашко Тодоров, претседател на Здружението на граѓани „Еко Вита“ од Неготино.Бронзен медал и парична награда за млад иноватор од Друштвото за заштита на интелектуална сопственост Берин Скопје за експонатот “Конвексно огледало-соларен шпорет” доби Ѓорѓи Јованов, ученик во трета година  во  “Свети Кирил и Методиј”.На саемот учествуваа 31 ученик  од цела Македонија со свои проекти.“Ековита” даде техничка поддршка за реализација на наградените проекти.

   

Close Search Window