Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Врвен приоритет на Општина Неготино е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните. Посветени на оваа цел ги повикавме сите заинтерсирани да учествуваат во креирањето на новиот Буџет со свои предлози за подобрување на условите за живот, да ги посочат предлозите, потребите и проблемите со кои се соочуваат.

Ваквата инклузивна можност со директно учество од страна на сите граѓани овозможува ефективни механизми за подобрување на квалитетот на локалните услуги и воспоставува процеси на одговорност, транспарентност и отчетност на локалната власт.

Како градоначалник на општина Неготино заедно со претставници на општинската администрација организра(в)ме средби со граѓаните на кои се прибираат информации за конкретните потреби на населението и тоа на градскиот плоштад каде на посебен пункт можат да се доставуваат предлози, а во текот на вчерашниот ден остваривме и средби со жителите на Цр.Брегови, Криволак и Пепелиште.

Со средби со граѓаните продолжуваме и вечерва (22.11) и тоа во Тремник во просториите на подрачното училиште од 17,30 ч. и со жителите на Војшанци од 18,45 ч. во просториите на месната заедница, а утре (четврток 23.11) граѓаните  од 10,00 до 11,00 ч. уште еднаш ќе имаат можност да достават предлози, идеи и мислења на посебен пункт на градскиот плоштад во Неготино.

Close Search Window