Почитувани,
Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC Грција-Р.Северна Македонија”,во периодот од 2014 – 2020 година,,
Општина Неготинo го организира петтиот инфо ден кој ја обработува темата „Подобрување на капацитетите на енергетска ефикасност во општините и промоција на подготвените програми за енергетска ефикасност за наредните 3 години”.
Оваа активност е една од многубројните активности кои се организираат во рамки на проектот. За таа цел Ве покануваме да присуствувате на петтиот и последен инфо ден на тема: „Подобрување на капацитетите на енергетска ефикасност во општините и промоција на подготвените програми за енергетска ефикасност за наредните 3 години” кој ќе се одржи на 17.11.2020 (вторник) во Центар за култура – Ацо Ѓорчев, Неготино, со почеток од 10:50 часот.
Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним „ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино,Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” – Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .
Во прилог на поканата можете да ја погледнете и агендата.
Агенда