Стручни лица од изведувачот на работите „Лис ком“ со асистенција на вработени во локалната самоуправа, а согласно годишната Програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план, извршија прскање против комарци во Неготино и во сите населени места во општината. Адултната дезинсекција со соодветни машини за распрскување се изврши со препаратот Аква котрин согласно со начинот за употреба на ова средство. Опфатена беше територијата на цела општина Неготино, односно сите улици во градот и населените места, како и простори со паркови и зелнило, речното корито на Вардар, депонии и слично.