Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20 и 111/23), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2024 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН со намена Г2.1 – Индустриски згради од лесна преработувачка индустрија на КП 38/1 и дел од КП 528/1 КО Црвени Брегови 2, Општина Неготино
Границата на проектниот опфат на УП е следната:
– на северо-исток опфатот оди по осовина на постојна железничка пруга;
– на југо-запад оди по граници на КП 38/1;
-на северо-запад оди по граници на КП 38/1;
-на југо-запад оди по граница на КП 38/1.
Површината на проектниот опфат на УП изнесува 5.48ха.
Градежната парцела се формира само на КП 38/1 со површина од 4.54ха
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 29.05.2024 до 12.06.2024 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.