Врз основа на член 79 ст.1 т. 29 од Статутот на општина Неготино („Сл.гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 , 16/14 и 13/20 и 3/22) , член 17-а ст. 2 17 –ѓ ст. 4 од Закон за јавни претпријатија ( Сл. весник на РМ бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 9/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 , Сл.весник на РСМ бр. 35/19, 275/19, 89/22 и 274/22) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик , начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување , начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен односно надзорен одбор ( Сл. весник на РСМ бр. 283/22) Советот на општина Неготино, објавува
Јавен повик бр.02/2023 за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Управен одбор на Јавното претпријатие за комунално услужни работи КОМУНАЛЕЦ ц.о “ Неготино
Јавниот повик се однесува за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Управен одбор на Јавното претпријатие за комунално услужни работи КОМУНАЛЕЦ ц.о “ Неготино.
Јавното претпријатие за комунално услужни работи КОМУНАЛЕЦ ц.о “ Неготино е основано од страна на Советот на општина Неготино со приоритетна дејност 36.00 Собирање, обработка и снабдување со вода .
Надлежности на ЈП се и Одржување на Јавно прометни површини, Собирање и депонирање на комунален отпад, Управување со Гробишта и Капела, Управување со Градски пазар .
Веб страница на ЈП КОМУНАЛЕЦ Неготино – jpknegotino@jpknegotino.com.mk
Јавниот повик се распишува за еден член на Управниот одбор на ЈП „КОМУНАЛЕЦ „ со мандат до истекот на мандатот на постојните членови на Управниот одбор.
Заинтересираните лица за член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунално услужни работи КОМУНАЛЕЦ ц.о “ Неготино треба да ги исполнуваат следните услови
– Да е државјанин на Република Северна Македонија
– Има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
– Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија дејност или должност.
Кандидатот треба да исполнува и еден од следниве наведени услови:
– Да има најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, согласно Националната класификација на дејности.
– Да има најмалку три години работно искуство од областа на финансиското работење
– Да има најмалку три години работно искуство од областа на правните работи
– Да има најмалку три години работно искуство од областа на техничките науки
Кандидатот кон пријавата треба да ја приложи следната документација:
– Државјанство на Република Северна Македонија
– Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
– Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна забрана за вршење професија дејност или должност
– Историјат од Агенција за вработување на РСМ со евидентиран стаж
– Изјава заверена кај нотар дека под целосна морална, материјална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација
– Кратка биографија
– Писмо за интерес
– Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени односно актредитирани институции за нивно издaвање согласно закон.
Заинтересираните кандидати потребната документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување на јавен повик да ја достават до Архивата на општина Неготино на ул.„ Ацо Аџи Илов “ бр.2 најдоцна до 29.08.2023 година .
Образецот за пријавување на јавен повик е составен дел на овој Јавен повик.
Постапката на селекција на кандидатите за член на Управен одбор на ЈП „ КОМУНАЛЕЦ “ Неготино ќе ја спроведе Комисија за селекција формирана од страна Советот на општина Неготино.
Постапката на селекција на кандидатите за член на Управен одбор на ЈП „ КОМУНАЛЕЦ “ Неготино ќе ја спроведе Комисија за селекција во две фази :
– Административна селекција ( завршува најдоцна во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување на кандидатите)
– Интервју ( со кандидатите што успешно ја завршиле административната селекција, се спроведува најдоцна 10 дена од денот на завршување на административната селекција) .
Точното време и место на одржување на интервјуто ќе се објават на веб страната на општина Неготино.
По завршување на фазите на селекција ранг- листата со најдобро рангираните кандидати ќе биде објавена на веб страната на општина Неготино.
Комисијата за селекција врз основа на ранг листа , подготвува и доставува Предлог на кандидати за член на Управниот одбор на ЈП „ КОМУНАЛЕЦ “ Неготино до Советот на општина Неготино.
Советот на општината во рок од 15 дена од приемот на предлогот ќе изврши соодветен избор и ќе донесе одлука за именување на член на Управниот одбор на ЈП „ КОМУНАЛЕЦ “ Неготино.
Јавен Повик за пријавување на членови на УО и НО во јавни претпријатија ЈП Комуналец