Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Општината Неготино аплицираше на повикот на Агенцијата за вработување за спроведување на мерката 6.2 од Програма за работно ангажирање за вршење на Јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, со кофинансирање од страна на Општините.
Во Општина Неготино ќе се спроведува Програма за работно ангажирање на 24 невработени лица со ниски квалификации за вршење на јавни работи кои се од особен општ интерес, а истите се од инфраструктурен карактер и заштита и унапредување на животната средина.
Преку оваа Програма за работно ангажирање на извршување на јавни работи од една страна се помага на социјално ранливи групи на лица , подобрување на месечниот семеен буџет, социјализација на истите ,промовирање на невработените на пазарот на трудот, а од друга страна пралелно и се спроведуваат активности и работи од јавен интерес за граѓаните и заедницата.
Временскиот период на ангажираните невработени лица изнесува 22 работни дена односно еден месец.
За време на ангажирањето за вршење на јавни работи на корисниците на минимална парична помош нема да им се укинува социјалната помош која ја користат.
Пријавувањето на заинтересираните лица ќе трае од 18.08.2023 година до 23.08.2023 година до 15 часот.
Заинтересираните лица може да се информират и пријават кај определеното лице за јавни работи во општина Неготино (3спрат ,канцеларија 26 ) или во Агенцијата за вработување -Неготино (Завод за вработување).

Close Search Window