ЈАВЕН ПОВИК за доставување на финансиски програми на спортските клубови од општина Неготино
Со цел за успешно претставување, натпреварување и постигнување на очекуваните резултати, Градоначалникот и Советот на општина Неготино ги повикуваат сите спортски клубови од Општина Неготино да достават финансиска програма и план на активности до општината, со цел предвидените средства од Буџетот на општината за 2018 година да бидат соодветно планирани и распределени.
Потребните документи треба да бидат доставени кај одговорното лице во општината најдоцна до 15 ноември 2017 година до 16.00 часот, зграда на Собрание на општина Неготино, IV спрат, соба бр.39.
Подетални информации и контакт:
Александар Донов – советник за култура,
спорт и соработка со ЗГ и фондации
моб. 072/320-842
e-mail: aleksandar.donov@negotino.gov.mk