Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Во согласност со член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), во врска со Јавен повик за формирање Иницијативен одбор (ИО) објавен од страна на општина Неготино на ден 05.12.2024 година и Јавен повик за локално собрание за млади бр. 09-1045/1 од 27.12.2024 а во врска со член 17 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/20), Градоначалникот на општина Неготино, го донесе следново:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ

 

Локалното собрание на млади за формирање Локален младински совет при Општина Неготино расишува јавен повик за членство во Локален младински совет.

Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:

  • Да имаат активности на територијата на Општина Неготино;
  • Да се основани и активни најмалку една година пред отвaрaњето на овој повик;
  • Членот на младинскиот совет да е жител на Општина Неготино и да е на возраст од 15 до 29 години.

 

Пријавување:  Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи на имеіл: info@negotino.gov.mk и да ги поднесат во архивата на Општина Неготино, ул.Ацо Аџи Илов бр.2 со ознака Апликација за членство во локален Совет на млади.

 

Задолжителни документи:

 

  1. Портфолио за работата на организациіата.
  2. Мотивациско писмо за учество во локален Совет на млади.
  3. Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Неготино.
  4. Годишна програма за работа.
  5. Номинација на член со контакт-детали.

 

Рокот за пријавување е од 27.01.2025 до 10.02.2025 год.

Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Собранието на млади за формирање Локален Совет на млади при Општина Неготино.

За повеќе информации околу повикот може да се обратите кај лицето за контакт: Службеник за млади – Даниел Јакимов 076/223-204.

 

Close Search Window