Граѓаните на општина Неготино, посетителите и корисниците на услуги од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi на локациите во зградата на општина Неготино и околината и во градскиот парк лоциран до општинската зграда. Wi-Fi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital.
Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ РС Македонија и Западен Балкан. Општина Неготино ќе биде една од 500-те во регионот кои ќе добијат WiFi4WB мрежа, по примерот на EU програмата WiFi4EU,која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7.000 локации низ Европската Унија.
Сите граѓани и посетители можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска. Со оваа поддршка,општина Неготино продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница.
#WiFi4WB #EU4Digital #TeamEurope


