…Тогаш дојде и Исус од Галилеја на Јордан, кај Јован, за тој да го крсти. Дојде во она време, кога Јован му беше јавил на народот за Него, говорејќи: „По мене иде Посилниот од мене, пред Кого не сум достоен да се наведнам и да ги одврзам ременките на обувките Негови… Јас ве крштевам со вода, а Тој ќе ве крсти со Дух Свети“ После овие зборови на Крстителот, дојде Исус да се крсти, иако Нему не му беше потребно крштение како Пречист и Свет, роден од Пречиста и Пресвета Мајка Дева, и како извор на секоја чистота и светост. Но, како Оној што ги зеде на себе гревовите на целиот свет, Тој дојде на реката да ги испере со крштение. Дојде на вода, да ја освети природата на водата; дојде да се крсти за нам да ни го подготви купелот на светото Крштение.
Бог се јави – за многу години празникот Водици.☦️
Честитки за храброста на сите кои што учествуваа во овој православен чин на фрлањето на Светиот крст во водите на реката Вардар, Господ нека им дава добро здравје, чистење од гревовите, благослов.
Оваа година најсреќен беше Костадинче Ефтимов посакувам да продолжи да ја шири мисијата на православното христијанство.
За многу години – Амин.


