Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Неколку илјади граѓани на општина Неготино присуствуваа на чинот на осветување и положување на крстот во водите на реката Вардар од страна на свештено лице од МПЦ Св Атанасиј од нашиот град. Вкупно 16 пријавени учесници се вклучија во фаќањето на крстот, а највешт и најбрз од сите беше 37 годишниот Влатко Стојев од Тимјаник кој прв стигна и го фати крстот. Од општина Неготино доби награда телевизор која му ја врачи секретарот Зоран Лазов, МПЦ Св. Атанасиј му додели Библија, а од генералниот спонзор Зегин доби вредносен ваучер од 12.000 денари.
Од мое лично име и од име на општина Неготино на сите граѓани им го честитам големиот христијански празник Богојавление Водици. БОГ СЕ ЈАВИ !

Close Search Window