Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во тек се градежни активности за реализацијата на проектот за реконструкција на улица во село Криволак во должина од 350 метри и ширина од 4,5 метри. Во моментов се работи на расчистување на улицата по целата должина и поставување на тампонски слој, изработка на стабилизирани банкини, а активностите ќе финишираат со асфалтирање на улицата.
Вредноста на проектот изнесува 3.602.504 денари и истиот е финансиран со учество на Министерството за транспорт и врски во делот на поддршка на имплементација на Ромите со средства од 1.112.651 денари, додека учеството на општина Неготино е со средства во висина од 1.925.812 денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино.
Close Search Window