Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во понеделник на 01 април во рамките на одбележувањето на денот на шегата, во Неготино на градскиот плоштад со почеток од 12,00 часот ќе се одржи хуманитарно првоаприлско дефиле. Хуманитарно бидејќи сите учесници од двете основни и средното училиште од градот ќе можат да донираат средства во висина по сопствен избор, а истото ќе можат да го сторат и родителите чии деца престојуваат во Детската градинка Фемо Кулаков.
Сите собрани средства ќе бидат донирани на семејството Иванови и ќе бидат наменети за понатамошно лекување на нивниот син и наш сограѓанин Јани Иванов.
Учесниците во дефилето од основните училишта Гоце Делчев и Страшо Пинџур и средното Св. Кирил и Методиј ќе продефилираат со обоени маички, додека дечињата од трите клона на неготинската градинка ќе продефилираат под маски.
Тргнувањето ќе биде од секое училиште посебно и од градинката со пристигнување на градскиот плоштад каде што ќе се одржи пригодна програма.
Close Search Window