Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Согласно договорот што општина Неготино го има склучено со фирмата Лиса-ком МС ДООЕЛ Кавадарци, во понеделник и вторник во нашата општина ќе се изврши дезинсекција, дезинфекција и дератизација. Ги информираме граѓаните дека прскањето против комарци ќе се врши на 11-ти овој месец, понеделник, во периодот од 22,00 до 05,00 часот, па токму затоа се апелира до одгледувачите на пчели и други животни да извршат соодветна заштита на истите. Активностите околу дератизацијата ќе се одвиваат во понеделник на 11-ти овој месец во времето од 09,00 до 15,00 часот во координација со ЈП Комуналец и вработени од општина Неготино со поставување на мамци на ревизионите шахти на фекалната канализација, со напомена дека доколку во понеделник сите активности не се завршат, истите ќе се одвиваат и во вторник на 12-ти овој месец.

Close Search Window