Во сабота на градскиот плоштад во Неготино со почеток од 12,30 часот трета година по ред ќе се одржи манифестацијата „Неготинско младо вино “ – настан на кој се слави нашето младо вино и се негува неготинската традиција. За добрата забава на присутните ќе се погрижат популарната изведувачка Дани Димитровска и членовите на Фолклорниот ансамбл „ Гоце Делчев “. Општина Неготино како организатор на настанот упатува јавна покана до сите граѓани од општината, Тиквешијата и од цела Република Македонија да повелат на настанот и да уживаат во подготвената програма, како и во производите на семејните винарии кои ќе се претстават со свои производи на поставените штандови на кои ќе може да се дегустира младо вино, неготинска пита, неготински мед и маџун или накратко вкусот на нашата традиција ќе биде лоциран на едно место.


