Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во Неготино во тек се градежни активности за изградба на улицата „Македонски бранители“ кои се одвиваат по однапред утврдена динамика, а ќе финишираат со асфалтирање на истата. Станува збор за изградба на нова улица во должина од 243 метри и со ширина од 6 метри. Средствата за изградба на улицата се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а вредноста на работите изнесува  3.496.706 денари со ддв.

Close Search Window