Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во селото Војшанци во тек се градежни активности за реконструкција на улица лоцирана пред мостот со должина од 250 метри.
Проектот се реализира врз основа на договорот склучен помеѓу Владата на РМ како инвеститор, ТАВ Македонија како финансиер, ТАВ ТЕПЕ АКФЕН како изведувач на работите и општина Неготино како корисник на средствата од проектот.
Вкупната вредност на договорот е 3.883.808 денари со вклучен ДДВ, надзорот на работите го врши Вертекс архитектура ДОО Скопје, а градежните работи се предвидува да завршат во рок од 2 месеци.
Close Search Window