Во тек се и интензивно се одвиваат градежните работи за реконструкција на улица во Тимјаник со должина од 180 метри и крак во должина од 150 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 2.201.844 денари – средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино. Изведувач на работите е градежната фирма Градба промет, а надзорот на работите го врши Студио Архивисион од Скопје. Работите се одвиваат според однапред утврдена динамика и ќе завршат во предвидениот рок