Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Интернационалниот фестивал на дуодрама “БРАНКО ЃОРЧЕВ 2023” – Неготино, оваа година ќе се одржи од 10.05. до 13.05.2023 година, на сцената на НУЦК “Ацо Ѓорчев” – Неготино. Организатор и покровител на фестивалот е Општина Неготино, а ко-организатор на истиот е Театар Провокација.
Селектор на фестривалот е актерката од НУ Театар Комедија – Мирјана Поповска Ристов, која ги селектираше следниве претстави, кои ќе се прикажуваат по следниов редослед:

СРЕДА, 10.05.2023 г.
Почеток 20:00 ч.
Театарска претстава “БРАЧНА КОМЕДИЈА“, Сцена “МАСКА” – Република Србија, Режија: Иван Томашевиќ

ЧЕТВРТОК, 11.05.2023 г.
Почеток 20:00 ч.
Театарска претстава “ЗА НАС ПОЧНУВА ЖИВОТ“, Режија: Дејан Пројковски, продуцент: Нино Леви – Република Македонија

ПЕТОК, 12.05.2023 г.
Почеток од 11:00 ч.
Детска театарска претстава “ЈАС СУМ АКИКО“,
Театар Провокација – Република Македонија, Режија: Роберт Ристов
(претстава не е дел од официјалната конкуренција).

ПЕТОК, 12.05.2023 г.
Почеток од 20:00 ч.
Театарска претстава “CANDY“ , Театар Златен Елец – Република Македонија
Режија: Тамара Стојаноска

САБОТА, 13.05.2023 г.
Почетокод 19:30 ч.
Театарска комедија “БЕБА“, ТЕАТАР “КЕРЕКЕШ’ – Република Хрватаска
Режија: Љубомир Керекеш

Фестивалот на кој што ќе доминира жанрот комедија, ќе биде со натпреварувачки карактер и на истиот ќе бидат доделени наградите: НАЈДОБРА МАШКА УЛОГА, НАЈДОБРА ЖЕНСКА УЛОГА, НАЈДОБРА ПАРТНЕРСКА ИГРА и НАДОБРА ПРЕТСТАВА..
Членови на жири комисијата ќе бидат реномираните имиња на македонската театарска сцена: Васил Зафирчев (актер од ТЕАТАР ЏИНОТ – Велес) , Селпин Керим (актер од Турски Театар – Скопје) и Роберт Ристов (актер од ТЕАТАР КОМЕДИЈА – Скопје).

 

Close Search Window