Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева во салата за состаноци на локалната самоуправа одржа работна средба и им врачи благодарници на сите институции и здрженија кои активно се вклучија во реализацијата на акцијата за чистење на отпад на територијата на општината „ Генералка викенд “ и со тоа дадоа сопствен придонес за почисто и посредено Неготино.

„Вашата енергија, активно учество и поддршката ја прават нашата средина уште почиста и поубава“, порача градоначалничката Нацева и повика на покренување и реализирање на уште многу вакви и слични акции и во иднина.

Close Search Window