Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева имаше исклучителна чест и привилегија на покана на претседателот на Владата на Република Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски да присуствува на Велигденскиот ручек што се одржа во хотелот Хилтон во Скопје.
Покрај премиерот Мицкоски, на настанот присуствуваа министри во Владата, пратеници, колеги градоначалници, претставници на верските заедници во Македонија и голем број гости и сите заедно ја одбележаа Велика среда – Ден од страдалната седмица.


