Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На покана на Н.Е. Амбасадорот на Шведска Ола Солстром како домаќин на настанот, а во присуство на Н.Е. Амбасадорот на Швајцарија Кристоф Зомер како почесен гостин, заедно со колеги градоначалници од неколку општини од Македонија, градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева  учествуваше на состанок во организација на NDI посветен на зајакнување на интегритетот и борбата против корупцијата на локално ниво.

Централна тема на дискусија на средбата беше изготвување конкретни стратегии и практики за градење на поотпорни и одговорни локални заедници, при што посебен акцент беше ставен на вклучувањето на граѓаните и потребата од континуирана соработка во рамките на проектот IDC Integrity Driven Communities.

Како локална самоуправа и како градоначалничка на општина Неготино, Нацева  го пренесе  ставот дека во интерес на сите граѓани општина Неготино останува посветена на градење транспарентно, ефикасно и одговорно локално управување.

Close Search Window