Во рамките на реализацијата на редовните работни обврски, градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева оствари работна средба со заменик – министерот за финансии во Владата на Република Македонија проф. д-р Николче Јанкуловски.
Како градоначалничка на општина Неготино, средбата ја искористи да го информира заменик министерот за актуелната финансиска состојба на општината, започнатите и проектите кои допрва ќе се реализираат, како и за аплицираните проекти од наша страна за подобрување на квалитетот на условите за живот во општина Неготино.
Заменик министерот за финансии Јанкуловски уште еднаш ја потврди поддршката на ресорното министерство и на Владата на Република Македонија за континуирана финансиска поддршка што ја добиваат и ќе ја добиваат општините во државата, меѓу кои и нашата општина, за реализација на проекти од интерес на сите граѓани.

