Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева заедно со претседателката на Советот на општината Лилјана Арсова Митрова присуствуваа на заедничка ифтарска вечера со наши сограѓани, настан исполнет со топлина, почит и искрено заедништво. Ифтарот не е само трпеза по завршувањето на дневниот пост во текот на месецот Рамазан, туку и симбол на духовна поврзаност, меѓусебна грижа и солидарност меѓу луѓето.

Во духот на меѓусебното разбирање и почитување, присутните ја споделија оваа трпеза како пријатели и соседи, испраќајќи силна порака дека вредностите на мирот, толеранцијата и заедништвото се темелот врз кој ја градиме нашата заедница. Ваквите моменти нè потсетуваат дека вистинската сила на едно општество се наоѓа во неговата способност да се обединува, да се почитува и да стои заедно во различностите.

Нека благословените денови на Рамазан донесат здравје, духовен мир и благосостојба во секој дом. Нека овој свет период биде поттик за уште поголема човечност, разбирање и добрина меѓу сите нас.

Нацева и Арсова Митрова се  заблагодарија за можноста заедно да ја споделат оваа убава и значајна вечер, исполнета со почит, топлина и пријателство.

 

Close Search Window