Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева на сите крводарители од нашата општина и Република Македонија и членови на Црвениот крст им го честита 17-ти март – Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст.

Крводарителството се темели на принципите на доброволност и солидарност, а 17-ти март е денот кога се потсетуваме што значи крводарителството и како тој хуман гест спасува илјадници животи.

А токму крводарителите се тие кои се секогаш подготвени, во редовни или вонредни околности, да одговарат на повикот за дарување на крв и со тоа да придонесат за потенцијално спасување на живот.

Во изминатите години општина Неготино имаше континуирана и плодна соработка со ОО Црвен крст која ќе продолжи и во годините пред нас.

Close Search Window