Се одржа третата седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион, на која присуствуваше и активно учество зеде и градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева која заедно со колегите заеднички ги разгледаа тековните проекти, можностите за новите инвестиции и приоритетите за рамномерен регионален развој.
Во конструктивна и работна атмосфера се дискутираше за унапредување на меѓуопштинската соработка, подобрување на инфраструктурата и создавање услови за одржлив економски раст. Посебен акцент беше ставен на проектите кои директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните, како и на иницијативите што ќе придонесат за поголема искористеност на регионалните потенцијали.
Советот останува посветен на координиран и транспарентен пристап во планирањето и реализацијата на развојните политики, со јасна цел – обезбедување балансиран и долгорочен развој на целиот Вардарски плански регион


