Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Изминативе денови градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева и вработени во локалната администрација оствари серија средби со граѓаните на Неготино и на населените места со цел да се слушнат нивните предлози, идеи и мислења во делот на креирањето на Програмата за работа на општина Неготино и Буџетот на локалната самоуправа за наредната 2026 година.

Изразувајќи благодарност за секој предлог што граѓаните го споделија на средбите, градоначалничката Нацева потенцира дека сите предлози, идеи, забелешки и мислења ќе бидат внимателно и детално разгледани и потенцијално вметнати во Програмата за работа и Буџетот на општината, се разбира доколку станува збор за издржани предлози со реални можности за нивна реализација.

А токму вклученоста на населението од општината ја прави работата на локалната самоуправа посилна, Буџетот за 2026 појасен, пореален и пред се, насочен кон потребите и во служба на сите граѓани на општина Неготино.

Close Search Window