Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

ЕНПОЛ –ЕЕ|

   Согласно проектот ЕНПОЛ-ЕЕ за замена на старите со нови улични ЛЕД штедливи светилки и вршењето на дислокација на автоматиката во посебни ормари, во општина Неготино во тек е поставувањето на ормарите надвор од објектите-трафостаниците во сопственост на ЕВН. Заклучно со вчерашниот ден поставени се 15 нови ормари од вкупно 42. На терен се работи и во наредните денови. Со поставувањето на опремата во овие ормари во иднина општина Неготино нема да има потреба, како што тоа беше случај досега, од асистенција од страна на ЕВН која се наплатува при одржувањето на уличното осветлување (независно одржување). Од друга страна, со поставувањето на елементи за автоматско вклучување и исклучување, независно од надворешните услови, според согледувањата на стручните служби во однос на сегашното вклучување и исклучување на јавното осветлување, се очекува заштеда на електрична енергија од 10 проценти.Со завршување на овие активности, практично ќе биде завршена и главната компонента од овој проект.
Проектот ЕНПОЛ-ЕЕ од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција до крајот од неговата реализација има и други активности во правец на промоција и подигање на јавната свест за важност од енергетската ефикасност и искористување на обновливите  извори на енергија.

     
Close Search Window