Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Денеска во салата за состаноци на општина Неготино во присуство на родители со принови во семејството им доделив вкупно 48 вредносни ваучери во висина од 7.000 денари за новороденчиња од општина Неготино, за што од општинскиот Буџет се издвоени средства од 336.000 денари. Станува збор за финансиска поддршка која ја доделуваме во континуитет и со однапред утврдена динамика, а како еден вид скромна поддршка за младите родители. Родителите изразија благодарност за поддршката што ја добија од општина Неготино, а јас им посакав нивните најмили да бидат здрави и среќни.

Close Search Window