Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Со дегустацијата, оценувањето и избор на најквалитетните вина и ракии, во петок започнуваат активностите од „Неделата на виното“ со која се одбележува празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“. Општина Неготино како организатор на настанот ги информира индивидуалните производители и семејни винарии од цела Македонија дека мострите за дегустација на бели, црвени и розе вина од реколтата 2022 година и ракии можат да се доставуваат најдоцна до четврток (09.02) до 16,00 ч. на трети спрат во зградата на локалната самоуправа кај лицето Дени Трајков, бидејќи ден подоцна, во петок, се одржува дегустацијата, оценувањето и изборот на најквалитетните вина и ракии од страна на стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози на Македонија. Наградите и признанијата на најдобрите производители на вина и ракии ќе им бидат врачени на централната прослава по повод „Св.Трифун“ која во вторник на 14.02. ќе се одржи на градскиот плоштад со почеток од 12,00 часот.

Close Search Window