Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Почитувани сограѓани,
Голема чест ми е да Ве информирам дека во Јаница (Грција) го означивме почетокот на исклучително значаен проект за нашата општина – “Еднаков пристап до здравствена грижа за возрасната популација во прекуграничната област – соочување со предизвиците од деменција (Elder-Care)“.
Овој проект не е само бројка или буџет, туку наша директна инвестиција во достоинствена старост и подобро здравје за оние кои дале и се вложиле многу за нашата општина.

Преку буџет од над 128.000 евра за Општина Неготино и дополнителни 121.500 евра за ЈЗУ Здравствен дом Неготино, реализираме:
• Нов Дневен центар за возрасни и ранливи групи.
•  Ново амбулантно возило за транспорт на пациенти.
•  Мобилен тим од 4 асистенти за нега во домашни услови.
•  Најсовремена медицинска опрема, преносен ултразвук и дефибрилатор.
•  Арт и окупациона терапија за ментално здравје.
Грижата за другите е одлика на една хумана општина. Со овој проект, Неготино станува пример за тоа како прекуграничната соработка со Р. Грција носи реални промени во секојдневието на нашите граѓани.
Продолжуваме посветено да работиме за сите генерации!

Close Search Window