Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

   Утре, четврток 30.08. со почеток од 16,00 часот ќе се одржи 16-тата по ред седница на Советот на општина Неготино. На разгледување пред советниците ќе се најдат 20 точки предвидени со дневниот ред за текот на седницата, меѓу кои програми од областа на урбанизмот, комунални дејности и уредување на градежното земјиште, програма со измени и дополнувања за изработка на урбанистички планови, програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации. Советниците ќе расправаат и по предлог-одлуката за донесување планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација, предлог-решението за давање согласност за измени на годишниот план за вработување на општина Неготино, предлог-одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во двете основни и средното училиште во Неготино, како и по други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

Close Search Window