Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Во врска со актуелната состојба од настанатите пожари на територијата на општина Неготино се донесоа следните заклучоци:

 

  • Се апелира до институциите од регионот за логистичка подршка на терен
  • Да се побара асистенција од воздушни помагала ер-трактори и канадери
  • Да се изврши заштита на населените места Липа,Калањево,Бела Вода и околните места зафатени од пожарот
  • Се апелира до населението да нема движење на критичните точки
  • Се апелира до граѓаните на општина Неготино да не се движат кон населените места Калањево, Бела Вода, Липа, Брусник, Пештерница и околните места;
  • Правните субјекти кои располагаат со соодветна механизација во рамките на можностите кои не ја попречуваат нивната дејност да ги стават на располагање своите ресурси;
  • Да се обезбедат и дистрибуираат потребните количини на вода за пиење и храна до спасувачите на терен;
  • Се апелира до сите граѓани кои доброволно сакаат да помогнат во справување со настаната состојба да се пријават во Општина Неготино на тел бр. 043/361-045.

Штаб за заштита и спасување на општина Неготино

Close Search Window