Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во рамките на празнувањето на Денот на ослободувањето на Неготино – 8ми Ноември, Општина Неготино по 13-ти пат ќе го организира турнирот во табла “Неготино опен 2023”, кој што ќе се одржи од 6 до 8 ноември во ТИЦ “Желкова куќа”. Право на учество имаат сите граѓани на општина Неготино, а наградниот фонд за најдобрите учесници на овој турнир ќе изнесува 20.000 денари. Турнирот ќе биде отворен на 6 ноември (понеделник) во 17.00 часот, кога ќе бидат одиграни првото и второто коло од истиот.

Бројот на учесници на турнирот е ограничен, а пријавувањето за учество се врши на телефонскиот број 076/749-098 кај лицето Костадин Цветков.

Close Search Window