️По 8 години пауза без одржување на забавни настани во пресрет на Новата година, оваа година организираме низа настани со кои на сите сограѓани им овозможуваме заедничко другарување и споделување на новогодишната магија.
До среда секој работен ден на плоштадот ќе се одржуваат настани со содржини за сите генерации со настап на ученици од училиштата во градот и градинката Фемо Кулаков.
Денес присутните уживаа во настапот на учениците од ООУ Гоце Делчев, од ООМУ Владимир Арсовски и нашите најмлади сограѓани од градинката Фемо Кулаков со организација и на Новогодишен базар.
Забавата продолжува во понеделник, вторник и среда со разновидни содржини, а ќе кулминира со организираниот дочек на новата 2026 година на плоштадот вечерта на 31 декември.

