Штабот за заштита и спасување на општина Неготино утринава одржа координативен состанок на кој се дискутираше моменталната состојба со пожарите.
Уште во 7 часот утринава за сите кои учествуваат во акцијата за гаснење на пожарите обезбедена е храна, а на секои два часа за се обезбедува и вода за пиење. Во акцијата за гаснење на пожарите, покрај нашата територијална противпожарна единица вклучени се ТППЕ од општина Кавадарци, Гевгелија, Штип и Свети Николе заедно со механизација и пожарникари, ЈП „ Комуналец“ Неготино и ЈП „ Комуналец “ Кавадарци, Ловечко друштво „ Вардар “ Неготино како и тимови од Дирекција за заштита и спасување.
Во моментот се работи на терен за локализација на пожарите , а воедно уште еднаш упатуваме апел до сите граѓани се уште да не се движат во населените места кои беа зафатени од пожарот се додека истиот не се стави под контрола.