Вечерва на ден 12.07.2024 год во 21ч се одрза кризен штаб на Општина Неготино каде што беа произнесени ситуации од лице место на терен од страна на ЦУК, ДЗС, МВР, и беа констатирани конкретни ситуации. При што кризниот штаб апелира до сите домаќинства во селата во Општина Неготино и во градот, задолжително да прават расчистување на тревните површини околу своите дворови, имотите, и останатите подрачја. Исто така апелираме до месното население за поголема ажурност , следење на упатствата и насоките од страна на МВР, да нема поголеми движења кон критичните места.
Исто така побарана е повторно до ЦУК и до ДЗС воздухопловна подршка за утрешниот ден, за да би можело да се изврши побрзо локализирање на пожарите.
Со почит,
Кризен штаб на Општина Неготино