Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 11-к став (1), (2), (3) и став (4) од Законот за Пожарникарство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19), Oпштина Неготино објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 01/2026
за унапредување на 3 (три) професионални пожарникари во ТППЕ на општина Неготино

Општина Неготино објавува Интерен оглас за унапредување на 3 (три) професионални пожарникари во ТППЕ на општина Неготино за следните работни места:

1. НАЗИВ НА РАБОТНО МЕСТО – ВОДИЧ НА ГРУПА ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА
ОРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА – ТЕРИТОРИЈАЛНА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА НА ОПШТИНА НЕГОТИНО
БРОЈ НА ИЗВРШИТЕЛИ – (2) извршители
ШИФРА – ПОЖ 02 10 В02 000
НИВО – В02

ОПШТИ УСЛОВИ :
– да е државјанин на Република Северна Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место
– уверение за правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

ОПШТИ РАБОТНИ КОМПЕТЕНЦИ :
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг,
– учење и развој,
– комуникација,
– остварување резултати,
– работење со други/тимска работа,
– стратешка свест,
– ориентираност кон засегнати страни и
– раководење. “

ПОСЕБНИ УСЛОВИ :
– стручни квалификации: за сите нивоа од категорија В ниво на квалификациите квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование;

– работно искуство: за нивото В2 најмалку 2 (две) години работно искуство во струката.

ПОСЕБНИ РАБОТНИ КОМПЕТЕНЦИ :
– познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

РАСПОРЕД НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ :
Дневното работно време за огласеното работно место се организира зависно од потребите на работодавачот, а во рамките на 40 часовното неделно работно време.
– Работни денови: од Понеделник до Петок
– Работни часови неделно: 40 часа

ИЗНОС НА ПЛАТА :
– Паричен износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува:
минимална плата, степен на образование, додаток на плата за звање изнесува: 34.600,оо денари.

 

2. НАЗИВ НА РАБОТНО МЕСТО – КОМАНДИР НА ОДДЕЛЕНИЕ
ОРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА – ТЕРИТОРИЈАЛНА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА НА ОПШТИНА НЕГОТИНО
БРОЈ НА ИЗВРШИТЕЛИ – (1) извршител
ШИФРА – ПОЖ 02 10 Б04 000
НИВО – Б04

ОПШТИ УСЛОВИ :
– да е државјанин на Република Северна Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место
– уверение за правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

ОПШТИ РАБОТНИ КОМПЕТЕНЦИ :
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг,
– учење и развој,
– комуникација,
– остварување резултати,
– работење со други/тимска работа,
– стратешка свест,
– ориентираност кон засегнати страни и
– раководење. “

 

 

ПОСЕБНИ УСЛОВИ :
– стручни квалификации: за нивото Б4 ниво на квалификациите квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование;
– работно искуство: за нивото Б4 најмалку 3 (три) години работно искуство во струката.
ПОСЕБНИ РАБОТНИ КОМПЕТЕНЦИ :
– познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

РАСПОРЕД НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ :
Дневното работно време за огласеното работно место се организира зависно од потребите на работодавачот, а во рамките на 40 часовното неделно работно време.
– Работни денови: од Понеделник до Петок
– Работни часови неделно: 40 часа

ИЗНОС НА ПЛАТА :
– Паричен износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува:
минимална плата , степен на образование , додаток на плата за звање изнесува: 34.600,оо денари.

На интерниот оглас може за да се јават професионални пожарникари вработени во ТППЕ на општина Неготино, кои ги исполнуваат општите и посебните услови пропишани за работното место, како и:

– да е оценет со оценка ,,А” или ,,Б” при оценувањето во 2025 година;
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година прeд објавување на интерниот оглас.

Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:
– потврди за успешно реализирани обуки;

Професионалниот пожарникар се пријавува со пополнување на пријава објавена во прилог на интерниот оглас.

Пополнетата пријава со потребната документација треба да се достави до архивата на општина Неготино и до службената електронска адреса: info@negotino.gov.mk.

Рокот за пријавување изнесува 5 (пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас на веб страната на Oпштина Неготино.

 

Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавените професионални пожарникари ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб страната на општина Неготино и тоа:

Фаза 1 – административна селекција се спроведува најдоцна 10 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите
Фаза 2 – интервју се спроведува во рок од 5 (пет) дена по завршување на фаза 1 админстративна селекција

НАПОМЕНА: Професионалниот пожарникар кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

Интерен оглас

Пријава за интерен оглас

Close Search Window