Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

За таа цел, предвидени се средби со граѓаните од општина Неготино на кои претставници на локалната самоуправа директно ќе ги слушнат мислењета и предлозите и истите можат да се најдат во програмата за работа на општина Неготино за 2024 година и за нив да се предвидат финансиски средства за нивна реализација.

Граѓаните на Неготино утре 21.11.2023г.- вторник и во четврток на 23.11.2023г. на посебен пункт на градскиот плоштад ќе можат да ги достават своите предлози и тоа во периодот од 10,00 до 12,00 часот.

Ќе се остварат и средби со жителите на населените места во општината на кои и тие ќе можат со мислења и предлози да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет и тоа по следниот редослед:

21.11. вторник – Црвени Брегови од 16,45ч, Криволак од 17,45ч подрачно училиште и Пепелиште од 18,45 ч. подрачно училиште.
22.11. среда – Тремник од 18,30 ч. подрачно училиште и Војшанци од 19,30 ч. просторија на МЗ
24.11. петок – Тимјаник од 16,45 ч. подрачно училиште Д.Дисан од 17,45 ч просторија на Месна заедница и Курија од 19,00 часот.

Како транспарентна локална власт ги очекуваме предлозите на граѓаните како на градскиот плоштад, така и на средбите во населените места.

 

Close Search Window