Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

️Почитувани земјоделци, Ве информирам дека информациите од поставените мерни станици на подрачјето на нашата општина можете да ги следите на http://agrovardar.mk/ и на андроид апликацијата meteobot https://play.google.com/store/apps/details?id=biz.prointegra.meteobot која измерените податоци преку GPRS технологија ги праќа податоците до сервер на модел за прогноза на болестите за многу видови култури. Преку обработените податоци, добивате навремени информации за почетокот, траењето и интензитетот на напад на поединечни болести или штетници за секоја култура посебно. Со ова пак, се овозможува прецизно одредување на рокот за третирање од Ваша страна на заштитни препарати, но и Ви се олеснува изборот на препарати.
Во суштина, Ви се даваат информации кои Ви се потребни да ги добиете најдобрите можни резултати за што подобар раст и приноси на Вашите насади. Со правилна приемена ќе успеете да направите значајни заштеди на средства за заштита, вложениот труд и работата на механизацијата.

 

Close Search Window