Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

По завршувањето на меѓународниот турнир во фудбал за млади категории “Фелер Куп 2023” кој се одржа на 26-27 август на градскиот стадион во Неготино, манифестацијата спортско-културно лето “Неготино 2023” продолжува со одржувањето на традиционалниот турнир во улична кошарка “Streetball 2023”, кој по неколкугодишна пауза повторно ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино.

Натпреварите на “Streetball 2023” ќе започнат вечерва (вторник, 29.08.) од 19.00 часот со одигрувањето на женскиот дел од турнирот, додека машкиот дел од истиот ќе се одржи утре и задутре (30.-31.08.), со почеток од 19.00 часот.

Пријавувањето на екипите за учество на турнирот е до почетокот на натпреварите на телефонските броеви 076/808-560 и 072/320-842. Покрај официјалните мечеви кои ќе бидат одиграни на овогодинешното издание на “Streetball 2023”, ќе бидат организирани и натпревари во шутирање на тројки и слободни фрлања, а настанот ќе понуди и многу музика и одлична забава.

Покана до сите граѓани на општината да го посетат овој настан и да уживаат во содржините кои ќе ги понуди истиот.

 

Close Search Window