Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Учениците од ООМУ „Владимир Арсовски“ –Неготино, во текот на секоја учебна година одржуваат многубројни концерти, како во нашата општина – така и надвор од неа. Оваа учебна година само во нашиот град, односно во Музеј на град Неготино чиј простор го користат како концертна сала,  имаат одржано 12 концерти и учествувано на 7 државни и меѓународни натпревари, каде учениците освоија голем број награди.

При крајот на учебната година се одржуваат уште поголем број на настапи, односно концерти,  и тоа во градот и во селата каде имаме ученици, каде воедно и се презентира  училиштето  преку настапот на ученици од истото.

Се започна со концерти во основните училишта во с.Пепелиште и с.Криволак, а се продолжи  во с.Тимјаник, с.Д.Дисан,….

Во градот се реализира  настапи во:

  • парк „СААТ КУЛА“ – 05.06.2023 во19.30ч.
  • парк „Нова генерација“ (наспроти музејот) – 06.06.2023 во 19.30ч.
  • парк „Спомен костурница“ – амфитеатар –  06.2023 во 19.30ч.

Одговорните и учениците од неготинското ООМУ беа пријатно изненадени од посетеноста на концертите на отворено и среќни сме што временските услови им беа во прилог и успеаја да ги реализираме сите настапи.

Close Search Window