По добивањето на уверенијата од страна на ОИК, се одржа конститутивната седница на Советот на општина Неготино која започна со верификација на мандатите на новоизбраните советници.
Потоа се премина на чинот на избор на претседател на Советот, при што со 9 гласа ,, за ” за нова претседателка на Советот на општина Неготино беше избрана Лилјана Арсова Митрова од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.
Во продолжение од седницата беа избрани и формирани комисиите составени од по 5 членови на Советот.


