На покана на ловџиите од општина Неготино денеска во кругот и просториите на манастирот Св. Ѓорѓи градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше на завршниот настан по реализацијата на една од најмасовните акции за уништување на штетен дивеч на територијата на нашата општина.
Како градоначалничка на општина Неготино Нацева со задоволство ја прифати поканата и присуствуваше на заедничката средба што се одржа по завршувањето на акцијата, која според зборовите на ловџиите – учесници била успешна и ја остварила целта за нејзиното одржување.



