ЈП „ Комуналец “ Неготино доби ново возило „ канал џет “ за отпушување на канализационата мрежа. Се работи за возило со кое досега ЈП „ Комуналец “ не располагал, а сега ќе користи за нормално одржување и отпушување на канализационата мрежа. Ова возило е во рамки на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина со акроним „wa mbrella“ преку програмата за прекугранична соработка на Грција и Р. С. Македонија, во која Општина Неготино е проектен корисник 2, а ЈП „ Комуналец “ Неготино е проектен корисник 4.